
По долги години наназад, во Штип конечно пуштени во функција јавни тоалети на повеќе локации. Во централното градско подрачје во функција се пушта јавниот тоалет на веќе претходно познатата локација за штипјани, а во останатите населени места се поставени монтажни тоалети. Средсрвата се обезбедени од Буџетот на Општина Штип.
„На четири локации денес се поставуваат и од денес па во наредниот перио ќе бидат во фукција јавните тоалети. Ова е основна потреба, но за жал години наназад не паметам кога функционирале и кога биле поставени. Ова е прва фаза, во наредниот период и на други локации ќе бидат поставени. станува збор за средства одвоени од Буџетот на Општина Штип, нешто над 400 илјади денари. Толаетите се поставени во паркот во населба Баби, во Сењак и Осми Ноември, а во функција се става и тоалетот во централното градско подрачје“ – кажа Јорданов.
Грижата и одржувањето на јавните тоалети ќе биде обврска на ЈП Исар. Тоа значи дека вработен во претпријатието секојдневно треба да ги чисти тоалетите.
„ЈП Исар има обврска да ги одржува, да бидат чисти за да можат граѓаните истите да ги користат“ – додаде Здравков.
Според граѓаните потребата од јавен тоалет е огромна, и добро е што по толку години се поставија на неколку локации.
Јорданов истакна дека во иднина јавни тоалети ќе се постават и на други локации, а граѓаните истите ќе може да ги користат бесплатно.
Лаура Стојанова М-Нет