„Сакаме правда, а не милост“ и „бараме ново праведно и демократско судење“, беа дел од пораките
искажани на денешниот протест пред Затворот во Штип под слоганот „Слобода за
уставобранителите“. Протестот се организираше за слобода на осудените, од кои дел ја издржуваат
казната во штипскиот Затвор за настаните од 27 април во 2017 година.

Освен во Штип, денеска протести се одржаа и во Прилеп и Скопје, со цел повторно судење на 16.
осуденици, кои се осудени на вкупно 211 години, а кои ги добија на судењата во март 2019 година.