
Едно шише масло за јадење од штипски Брилијант по рафтовите во продавниците и маркети со нова цена. 135 денари треба да одвоите доколку сакате да купете едно шише масло за јадење Брилијант. Тоа значи дека со сегашната цена штипскиот зејтин се изедначи со цената на останатите македонски производители на зејтин. Според директорот на фабриката Брилијант, Коста Ташков ова се должи на покачувањето на цените на суровината за 1.000 евра за еден тон споредбено со пред неколку месеци.
„Пред два – три месеци суровината за маслото за јадење беше 1.200 до 1.500 евра за тон, а сегашната суровина набавена од Бугарија, Романија и Украина е со цена од околу 2.200 евра за еден тоа, што е значително покачување за некаде околу 1.000 евра за тон. Како резултат на ова дојде до покачување на цената на маслото за јадење Брилијант. Сега по рафтовите во продваниците едно шише зејтин се продава по 135 денари“ – вели Ташков.
За дополнително покачување на цената на маслото за јадење Ташков не даде конкретен одговор, бидејќи како што истакна тоа ќе зависи од цената на светската берза. Смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува, поради увозот од соседна Србија. Апелира граѓаните да не прават залихи во своите домови, инаку според анализите македонските граѓани месечно трошат околу два и пол милиони шишиња.
Лаура Стојанова М-Нет