Колку кочанчани се чувствуваат безбедно кога поминуваат на пешачки премин?

Застанување пред пешачки премин за некои возачи закон, за други неважно. Кочанчани различно го оценуваат ова. Безбедноста често се става под знак прашалник, иако граѓаните не паметат голем број трагични случаи. Екипата на М-Нет Телевизија праша колку граѓаните се чувствуваат безбедно кога поминуваат по пешачки премин.

Честите сообраќајни несреќи во последниов период во кои жртви се пешаците, ставија акцент врз безбедноста на сообраќајот. Зачестија и кампањите во кои се става акцент на поминувањето улица на пешачки премин од страна на пешаците, како и застанувањето пред пешачки од страна на возачите. На териториторија на СВР Штип, па и на цела држава секојдневно се вршат контроли, а полициските службеници бележат и казни за ваквите прекршоци.

Ребека Спасова М-Нет