
Совршено и вкусно велигденско лепче, кое често е дел од велигденската трпеза. Познато како милиброд, козињак или плетенка од тесто. Во секој случај, вкусен традиционален рецепт кој е неизбежен за велигденските празници.
Од еластично и меко тесто, до крцкав краен производ. Компанијата „Лили фуд“ од Штип во неколку чекори прави уникатен рачно произведен милиброд. Процесот започнува со замес на тестото, чекор во кој со спој на компоненти се добива еластично тесто со спој на ароми. Потоа следува процес на оформување и делење, кој е само чекор пред последниот и најважниот дел – плетењето. Последниот чекор го креира крајниот производ, односно плетењето е начин на оформување на кончастата структура, која го прави крајниот производ уникатен. Ферментација, па печење и на крај пакување. Крајниот производ – милиброд со златно – жолта боја, мека внатрешност и крцкава кора, декорирана со бадем и шеќер. Во палетата може да најдете три вкуса, без разлика дали ќе биде со бадем, чоколадо или суво грозје и боровинка, секако ќе ја разубави вашата трпеза. Богат со јајца, масти и ароми е само еден од производите кој од овој производствен погон може да се најде директно на вашата трпеза.
Рецепти многу, вкусови во изобилство. Без разлика дали ќе се одлучите да го купите или сами да го направите, ќе биде слатко уживање. Со мармалад од сливи или смокви, ореви или локум, вреди да се проба.
Ребека Спасова М-Нет