Два нови лемури и две коати од денес се новите жители на ЗОО паркот во Штип

Со четири нови животни се збогати ЗОО паркот во Штип. Од денеска два лемури и две коати се постојани жители на оваа зоолошка градина. Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков истакна дека условите во ЗОО паркот дозволуваат одгледување на ваков вид животни кои за првпат се забележуваат во Штип.

„Од денес ЗОО паркот Бриони во Штип кој е под надлежност на ЈП Исар е побогат за четири нови жители, односно се работи за две лемурчиња и две коати кои денес пристигнаа во ЗОО паркот и се надеваме дека ќе бидат атрактивни за нашите посетители“

Животните се хранат со сезонско овошј и зеленчук како и со стек. Храната се обезбедува преку донации како и остатоци од градскиот пазар во Штип, кажа Здравков.

„Мајмучињата се донација од Зоолошката градина Скопје, се хранат со сезонско овошје и зеленчук, живеат на температури идентични на нашите“

Дополнително на ова зоолошката градина во Штип започна и со хортикултурно уредување. Тоа значи дека до крајот на неделата треба да биде готова и желката која ќе биде декорирана со цветови.

Живеалиште за мајмуни во зоо паркот во Штип имаше изградено од претходно, но мајмуни до сега немаше во зоолошката градина. Здравков истакна дека се работело на доуредување на просторот и сега условите се задоволителни за живот на мајмуните.

Лаура Стојанова М-Нет