Која е симболиката на првото вапсано јајце и што означува црвената боја?

Утре во раните утрински часови, пред изгрејсонце се вапса првото велигденско јајце. Според адети кои останале да се пактикуваат и ден денеска на Велики четврток домаќинките вапсуваат три јајца во црвена боја, со што го најавуваат големиот Христијански празник Велигден. Штипјанки кои ги анкетиравме велат традицијата се почитува и кај нив, онаа иста традиција која останала од старите генерации.

„Вапцаме јајца пред изгрејсонце, така бил старски адет и така се прави со години наназад“

Домаќинките треба на црвен тепих или подлога да ги вапсаат првите три јајца, едно за Господ, едно за домаќинот и едно јајце кое симболизира радост и среќа во куќата во која се вапцуваат јајцата, вели етнологот Бети Иванова.

„Првото јајце е наменето за Господ, второто за домаќинот, а третото за среќата и бериќетот во куќата. Фарбањето на јајата продолжува во сабота и можам да кажам дека освен црвената боја се фарбаат и јајца во други бои“ – вели Иванова.

Првото вапцано јајце се користи симболично за децата, а истовремено го користат и земјоделците.

„Со првото фарбано црвено јајце децата се бањаат и се изговараат некои зборови, да биде црвено како јајцето, да биде бело како внатрешноста на јајцето и да биде здраво. Првото фарбано јајце во минататото има магиска моќ некој го закопуваат на меѓите, на нивите, некои го чуваат дома па кога има невреме или грмотевици го изнесуваат на терасата, а закопувањето е да ги штиити посевите од непогоди“ – додаде Иванова.

Во денешно време освен јајцето како обележје за Велигден се и зајакот и кокошката, вели Иванова бидејќи симболизираат здравје, бериќет и плодна година.

Лаура Стојанова М-Нет