Со положување свежо цвеќе одбележана 40 годишнината од смртта на Ацо Шопов

Со едноминутно молчење, рецитал и положување свежо цвеќе пред бистата на великанот Ацо Шопов во Штип се одбележа 40 годишнината од неговата прерана смрт. Претставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегаци, пријатели денеска со поклонување му оддадоа почит на големиот поет Шопов.

„Ацо Шопов е учесник во народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија од 1941 – 1945 година и се реди во врвот на борците кои ја водеа четиригодишната војна и создадоа држава Република Македонија. Неговата поезија е сврзана кон врвните поети од светски ранг“

Ацо Шопов освен како борец во неговиот живот бил претседател на повеќе организации и здруженија, тој е застапник во сите антологии на македонската поезија во државата и странство, а познат е и како преведувач на странски литературни дела. Автор е на повеќе списанија, книги и дела по кои се памети нековиот лик и дело.

Лаура Стојанова М-Нет