Тепачка пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Штип

На 13.04.2022 во 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 23.00 часот пред угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Штип бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.П.(20) од Штип и Н.Ј.(32) од Македонски Брод. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.