
Инклузивност на лицата со попречности преку спортот е главната цел за спроведување на проектот „Спорт и рекреација за сите“. Активноста се спроведува со ЦПЛИП „Порака“ за преку тренинзи во сала и соодветна опрема да се подобри психофизичкото здравје кај лицата со попречености и тие да стекнат навика за вежбање.
„На крајот од овој проект имаме предвидено да се реализира настан којшто ќе биде од натпреварувачки и забавен карактер и исто така тие ќе имаат поголема можност да се социјализираат, а ќе бидат повикани и други лица со интелектуална попреченост и деца со посебни потреби од Општина Штип. Јас сум навистина среќна што сум супер прифатена од овие лица за да бидам нивен тренер и заедно може да докажеме дека со физичката активност тие може да бидат посигурни и независни и да бидат ценети“, истакна Манева
Членовите на Центарот задоволни што почнуваат да се занимаваат со физичка активност истакнаа благодарност до организаторите, а раководните лица се со став дека ова е и те како важно за лицата со попречености од секој аспект.
„Спортските активности за лицата со интелектуална попреченост освен бенифитите за опшата здравственба состојба, имаат можност и за социјална интеграција. Спортските активности создаваат рамка за физички контакти, развивање на пријателства, моторни вештини, когнитивни способности, така што се збогатува и нивниот социјален живот“, истакна Голубинка Насева од ЦПЛИП „Порака“.
Проекот е поддржан од Општина Штип, односно од Советот на Општина Штип, за што советникот Дејан Здравков истакна дека и во иднина ќе продолжат со ваквите активности за да се даде можност на сите да бидат еднакво вклучени во општеството.
„Навистина сум среќен што преку Советот на Општина Штип ги поддржува ваквите организации кои за целна група ги имаат лицата за попречености. Целта на овој проект е да се истакне значењето на спортот за подобрување на здравјето на овие корисници и општата благосостојба. Целта на активноста е спортот да се искористи како алатка за инклузија“, потенцираше Здравков.
Реализацијата на проектот ќе биде во периодот април – септември, по што ќе следи натпреварувачкиот карактер.
Ребека Спасова М-Нет