
Вчерашниот обид за изнаоѓање компромис меѓу Министерството за образование и наука и СОНК помина без очекуваните резултати. Генереланиот штрајк на вработените во училиштата и градинките продолжува и денес. Минстерот за образование Јетон Шаќири утринава на прес конференција истакна дека покачување на платите во образованието ќе има, но приоритет во моментот е враќањето на учениците во училишните клупи.
„Не смееме да дозволиме жаргонски кажано нов луксуз. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењето кои понатаму тешко или воопшто нема да се надоместат. Затоа апелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК во сите одлуки што ги носиме да се водиме по најдоборото“ – кажа Шаќири.
На територијата на Општина Штип штрајкот продолжува. Според претседателот на регионалниот одбор на СОНК Штип, Маријан Костадиновски ситуацијата е речиси идентична како и во текот на вчерашниот ден, вработените штрајкуваат, поголеми притисоци нема. Првиот човек на Општина Штип, пак вели согласност за заменски кадар ќе се издададе доколку има потреба.
„Од она што го имаме како информација од директорите на градинките е дека непречено се врши згрижување на децата. Ние веќе искомунициравме со Заводот за вработување, доколку има потреба од заменски кадар кои би ги заменил вработените во градинките и училиштата ќе пратиме дополнително согласност. Од информации кои ги добивме од заводот во овој момент нема соодветен доволен број на заменски кадар“ – кажа Јорданов.
Јорданов истакна дека им дава целосна поддршка на СОНК и вработените во училиштата и градинките во оставарување на нивните цели, додавајќи дека Владата треба да преземе мерки во решавање на проблемот.
Лаура Стојанова М-Нет