
Граѓаните имаат право да знаат, а институциите треба да бидат отворени и транспарентни во делот на правото за слободен пристап до информации од јавен каратктер. Со таа цел денеска во Штип се одржа промоција на правото на слбоден пристап до информации пред младите штипјани, претавници на граѓаниски организации, новинари и локални институции.
“Редовно организираме обуки поради настанатата ковид ситуација со цел да објасниме дека се работи правото за пристап до информации од јавен карактер е уставно право, право на граѓаните и дека ти есе должи да ги информираат граѓаните за тоа што работат, како ги трошат средствата на граѓаните, како ги креираат политиките, да ги информираат граѓаните навремено“ – кажа Бојчева.
Праксата од претходните две години покажаува дека граѓаните не се доволно запознаени што претставува информација од јавен карактер, па на ова ќе се работи во текот на оваа година, истакна Бојчева. До сега спороведените обуки даваат резултат.
Вакви сесии односно промоции се одржаа во Гостивар, Битола и Куманово, а планирано е да се одржи и во Струга.
Лаура Стојанова М-Нет