Маските паднаа, дали животот ќе се врати во нормала како пред пандемијата?

По две години маски, рестиркции, дистанца, дезинфекција, од денеска на сила стапи одлуката за тргање на маските во затворен простор, со одредени исклучоци. По препорака на Комисијата за зарзни болести и Кризниот штаб, Владата ги усвои препораките во трговски центар, мол, продавници и други затворени простори маската да биде право на избор. Ова следи по секојдневните бројки на Институтот за јавно здравје дека бројот на новозаразени блежи тренд на опаѓање. Но, граѓаните во Кочани со поделено мислење, дел велат оправдана е оваа одлука, друг дел пак со став маските треба да се носат.

„Правилно е затоа што да сме живи и здрави да нема маски, а ако има маска ништо не парвиме.“

„Какво е ова укинување на нас не ни е јасно, дел се укине, дел не“

Излегување, поздравување, дружење, журка дали по две години животот може да се врати во нормала онака како што беше пред короната ги прашавме кочанчани.

„Тешко да се врати животот, ама сепак не знаеме што може да се случи’“

Од денеска настава без маска ќе следат и средношколците, а истовремено укината е забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средни училшта.

Лаура Стојанова М-Нет