
Втор ден продолжува штрајкот во училиштата и градинките. На територијата на Општина Штип, претседателот на Регионалниот одбор на СОНК Штип, Маријан Костадиновски истакна дека бројот на вработени кои се приклучиле на штрајкот бележи пораст. Значително зголемување според него има во детските градинки, но се зголемува и бројот на вработени во училиштата кои се на работните места ама не ги извршуваат работните задачи.
„Штрајкот продолжува. Вработените си остануваат достојни на своите барања. Би рекол дека и вториот ден е копија на првиот ден со тоа што во нагорна линија малку, има појава на нови заинтересирани за стапување во генерален штрајк, има ново зачленување во одредени синдикални организации. Очекуваме некој позитивен исход“ – кажа Костадинвски.
Идентично како и во текот на вчерашниот ден, Костадиновски потврди дека не се регистрирани притисоци од страна на директорорите во установите врз вработените.
Директорката на детската градинка Астибо, Билјана Трајчевска потврди дека има зголемување на бројот на вработени кои денеска се приклучиле на штрајот. Од вкупно вработени во петте објекти 141 лице, во оваа градинка штрајкуваат 43 врабтени, што е за 17 вработени повеќе споредбено со вчерашниот ден. Меѓутоа, објектите и денеска работат и ниту едно дете не е вратено назад.
Во детската градинка Вера Циривири Трена вчера штрајкуваа 60% од вработените.
Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат барањата на вработените во училиштата и детските градинки од страна на Владата.
Лаура Стојанова М-Нет