Повредени двајца рудари кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип

На 10.04.2022 во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени Б.П.(54) од Пробиштип и  О.В.(49) од с.Ратавица, пробиштипско, кои се повредиле за време на работа во рудник во Пробиштип. Се работи на расчистување на случајот.