
Ставено во функција новото болничко возило за потребите на Клиничка болница Штип. Задоволството на првиот човек на болницата доктор Ален Георгијев е огромно, бидејќи ова е првото возило по неколку децении кое е набавено од средства обезбедени од болницата. Со ова се докажува дека континуирано се вложува во квалитет и надградба на квалитетот на медицинските услови кои се пружат во болницата, истакна Георгијев.
„Со ова возило и останатите четири кои ги имаме набавено претходните четири години кои се по пат на донација сериозно ги зголемивме перфомансите на возниот парк на нашата болница кој е многу важен и во нормални околности, а во овие две години со пандемијата со Ковид 19 уште повеќе доби на значење поради зголемената мобилност на пациентите кои ги имавме во тој период. Со ова докажавме уште еднаш дека сме на курсот на континуирано зголемување на квалитетот на здравствените услуги во КБ Штип“ – кажа Георгијев.
Поради кризата годинава нема да се набавуваат нови возила, а акцентот ќе се стави на работи кои се повеќе неопходни сега во овој момент, додаде Георгијев.
„Имавме во план и оваа година да набавиме едно возило, меѓутоа поради познатата ситуација со кризата и здравствена и економска одлучивме да ја стопираме набавката на тоа возило, да се концентрираме на работи кои се повеќе неопходни во моментот. се надевам дека кризата нема вечно да трае“ – додаде Георгијев.
Вкупната инвестиција за ова возило е два милиони денари со ДДВ. Клиничка болница Штип моментално на располагање има шест возила кои се во функција.
Лаура Стојанова М-Нет