Ограбена 46 – годишна жена на ул.„Сремски фронт“ во Штип

На 05.04.2022 во 04.56 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 04.50 часот на 46 – годишна жена на ул.„Сремски фронт“ во Штип едно лице со употреба на сила и ја одзело чантата во која имала паричник, мобилен телефон и други предмети. Се работи на расчистување на случајот.