
Верниците од исламска вероисповед веќе трет ден постат на триесетдневниот рамазански пост пред големиот празник Рамазан бајрам. Постот се држи од утро до вечер, со посебни практики и секојдневно одење во џамија.
Најважен ритуал во постот е ифтар, јадењето и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните. Децата не се обврзани да постат, сепак многу деца се обидуваат да постат колку што е можно повеќепати во текот на детството, во тоа им помагаат нивните роднини.)
Месецот Рамазан е деветтиот месец од исламскиот календар и е повреден за муслиманите од кој било друг месец, па затоа верниците ги практикуваат ритуалите со што го слават како месец на добрина, милост, љубов и простување.
Суштината на празникот е и помагање на посиромашните, тие што имаат повеќе им помагаат на оние што немаат, со финансиски средства, со храна и слично. Празникот секоја година се поместува за 10 дена наназад и 11 дена во претстапните години поради разликата меѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.
Ребека Спасова М-Нет