Свечен пречек на европскиот шампион во борење, Владимир Егоров, во Општина Штип

Европскиот шампион во борење, Владимир Егоров, на свечен прием кај градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. На последното Европско првенство Егоров го освои бронзениот медал, а сега со убедлива победа стигна и до златниот медал, за Олимпијадата во 2024 вети напорна работа и медал.

„Благодарност до сите! Моја цел е во 2024 година да донесам медал од Олимписките игри во Париз“, рече Егоров.

Колективот на боречката репрезентација задоволни од колективниот успех ветија напорна работа и уште понатамошни успеси, а селекторот Бобан Данов го честита успехот на Егоров.

„Работевме макотрпно за да постигнеме ваков резултат со Владимир Егоров, Дејан Митров, Бесир Алили, Фатих Весели, шефот на стручниот штаб. Да напоменам дека ова е голем успех, особено за нашиот град, по 23 години постигнува европско злато и во неговата земја каде е роден по 32 години постигнува европско злато. За Владимир ова е двојна среќа и голема чест за неговата и нашата земја“, истакна Данов.

Честитки за постигнатиот успех упати и градоначалникот Јорданов, кој за БК „Балканец“ зборуваше дека е клуб од кој излегле единствените олимпијци од Штип, а кој којзнае по кој пат не’ направи горди.

„Кога во 2020 година Егоров го освои третото место на Европското првенство во борење, очигледно, си поставил висока цел пред себе – по две години да се искачи на врвот на листата. Денес се собравме за да го прославиме тој негово успех. За првпат од БК „Балканец“ имаме златен медал на Европско првенство во борење кој ни дава уште поголема обврска во наредниот период да посветиме уште поголемо внимание на најуспешниот клуб во нашиот град. Честитки за Егоров, честитки за Бобан Данов, честитки за БК Балканец! Ви посакувам уште поголеми успеси и високи олимписки резултати“, истакна Јорданов.

Јорданов потенцираше дека ваквиот успех е причина повеќе за логистичка и финансиска поддршка на боречкиот клуб и остварување на целта – сала за боречки вештини во Штип. Општина Штип на Егоров му додели ваучер од 30.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет