
Борачот на БК Балканец, Владимир Егоров стана европски шампион. Натпреварот кој се одржа денеска во Будимпешта со почеток од 18 часот, штипјани имаа можност да го проследат на видео бим, на отворено на плоштадот Слобода во Штип. Љубителите на овој спорт, како и членови на БК Балканец и сите присутни ја прославија победата на Егоров.
