Пожар во влезот на станбена зграда во Штип

Попладнево се случи пожар на таблата со струјомери во станбена зграда т.н. Црвена кула на ул. “Страшо Пинџур” во Штип. Интервенирале екипи на ТППЕ Штип и пожарот целосно е локализиран и не се проширил на другите делови од зградата. Зградата се уште е без електрична енергија. Екипи на СВР Штип вршат увид на местото на настанот. Подетални информации во врска со овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.