Приведени четири млади лица во Штип, кај еден пронајдена марихуана

На 26.03.2022 во 20.30 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Ф.А.(19), С.Т.(18) и двајца малолетници, сите од Штип. При преглед во возило „пежо“, кое го управувал Ф.А., а останатите биле сопатници, кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.