Стоката ефтина – храната скапа, Влатко од Карбинци одгледува овци, ама егзистеницја нема

Од утро до мрак макотрпна работа за парче леб. Влатко Симов од село Карбинци одгледува овци. Вели ова му е наследство од неговиот дедо, одгледувал и неговиот татко сега и тој. Но, одгледувањето овци бара многу работа, посветеност, а егзистенцијата е мала. Цената на јагнињата е ниска, млеко и сирење не продава, бидејќи не се испалаќа, па за максимум една година и тој ќе ги продаде животните.

„Доде ми одгледувал, па татко ми, па сега јас. Имаше околу 230 овци, ниска цена за откуп на јагнињата, продадев ги оставива само 20. Сега од 20 пак имам 150 овци. Ама 160 денари јагнешко месо сега, нема сметка. Млеко не поизведувам, ефтино се плаќа“ – вели Симов.

Во минатото вели јагнешкото месо имало добра цена, па со тоа имало и повеќе луѓе кои одгледувале овци. Сега останал само тој, но и него нема кој да го наследи, а како што додава нема ниту потреба. Дополнително на ова за да се одгледаат над 150 грла овци потрени се луѓе, но и средства за да може да се платат истите. Сѐ тоа недостасува, па затоа и нема кој да продолќи со одгледувањето на овци.

„Јас уште оваа година ако ги чувам и ќе ги продадам, нема да има овци овде веќе. Ова е само пасиште овде, друго нема. Сточарството е многу тешко, ама мора да се живее некако. Егзистира се ден за ден.“ – додава Симов.

Стоката ефтина, храната скапа, математика нема, вели Симов. Егзистенцијата сведена на нула. На ваков начин не само одгледувањето на овци, на минимум ќе се сведе и одгледувањето на крави, бидејиќи работа има многу пари не.

Лаура Стојанова М-Нет