
По повеќе од три децении не променето ништо, денеска започнаа активности за реконструкција на улица Кежовица во штипско Ново Село. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека оваа улица бидејќи е тесна ќе се поплочи со бекатон плочки, а пртходно на истата е поставено водоводна мрежа.
„Од денес официјално започна реконструкција на улица „Кежовица“ во Ново Село. Станува збор за едно тесно грло во градот, специфична улица па затоа одлучивме реконструкцијата на истата да биде со вградување на павер елементи, односно со бекатон плочи. Вкупната должина, односно површина е околу илјада и 600 метри квадратни, а вкупниот износ е еден милион и 700 илјади денари од Буџетот на Општина Штип, односно пари на граѓаните“ – кажа Јорданов.
За граѓаните кои живеат во овој дел од градот, ова е повеќе од потребно бидејќи улицата во лоша состојба се наоѓала повече од 30 години.
„Улицата доста години е вака не е правено никогаш ништо. Ја сум овде 33 години веќе, вака е цело време улицата и не е ништо подновено“
Во оваа прилика Јорданов истакна дека со подобрување на временските услови веќе започнуваат и останати градежни активности, со што ќе се работи на реконструкција и асфалтирање на повеќе улици во градот под Исарот.
Лаура Стојанова М-Нет