Преку собирање потписи граѓаните од Кочани бараат крај на загадувањето од „Пејпер мил“

Граѓанската иницијатива за чист воздух во Кочани од денеска на неколку пунктови во градот започнаа со собирање потписи со цел да се реши проблемот со загадувањето од фабриката за хартија Пејпер Мил. Потписите ќе бидат доставени до надлежните институции и странски амбасади како израз на граѓаните од Кочани за решавање на проблемот со загадувањето и спречување на хуманитарна катастрофа.

„Денеска граѓанската иницијатива за решавање на прашањето со загадувањето во Кочани со акцент на „Пејпер мил“ продолжи со своите активности со собирање потписи на одредени пунктови. Потписи ќе се собираат на три списока и ќе целиме кон тоа да се соберат што е можно повеќе потписи. Апелираме до граѓаните да се одзоват на оваа иницијатива за да можеме во перспектива да спречиме хуманитарна катастрофа во Кочани“ – кажа Симеонов.

Од граѓанското движење за чист воздух во Кочани уште еднаш ги посочија нивните барања поврзани со фабриката за хартија Пејпер мил, со единствена цел чист воздух во граодт. Тие истаканаа дека бараат да се постабат мерни станици за квалитетот на воздухот во близина на фабриката, ревидирање на А интегрираната еколошка дозвола, како и поставување на пречистителна станица за отпадни води на фабриката.

Од Локалната самоуправа во Општина Кочани пак за 30 март годинава е закажана граѓанска трибина по барање на ницијативната група за чист воздух. Ако не се исполната барањата на граѓаните од страна на Пејпер мил тие најавуваат повторно протести, но и тужба до Европскиот Суд за човекови права.

Лаура Стојанова М-Нет