„Подај рака спаси живот“ со благодарници за луѓето вклучени во хуманитарните проекти

Доделени благодарници на лицата кои доброволно се вклучија во помош за реализација на два проекта во Штип, реконструкција на ТППЕ Штип и Ридарска чешма. Имено, најголемиот хуманитарец со кој може да се гордее Штип, Александар Ѓоргиевски, во соработка со Општина Штип, на неговиот 36. роденден им додели благодарници на луѓето кои несебично се вклучија, работеа и придонесоа за завршување на овие два проекта.

„Денес мајсторите од мојата хуманирана организација на мојот 36. роденден ги повикав на заеднички ручек и од свое име и од името на Општина Штип сакам јавно да им се заблагодарам за двата ветени и реализирани проекти за град Штип. Првиот проект, добро знаете, е ТППЕ Штип, другиот е Ридарска чешма. Денес сакам својот роденден да го поминам со луѓето што прават добро, заедно со Општина Штип да им доделиме благодарници за хуманост. Овие луѓе заслужуваат многу повеќе од тоа“, вели Ѓорѓиевски.

Проектот за реконструкција на ТППЕ Штип, се спроведуваше во изминатите неколку месеци каде комплетно е реконструиран првиот спрат од оваа институција. Пожарникарите кои поголем дел од денот го минуваат токму овде полека ги добиваат условите кои ги заслужуваат. Нови прозори и врати, тоалети, опремен простор за престој се само дел од новитетите кои ги доби Пожарната во Штип благодарение на хуманитарната организација „Подај рака спаси живот“. Истовремено, за рекордно брзо време беше завршена и реконструкцијата на Ридарска чешма во Штип, од истите луѓе и истата огранизација.

Ѓогриевски во своја позадина има оставено и многу други хуманитарни настани, како помош на семејства кои имаа вистинска потреба од тоа.

Лаура Стојанова М-Нет