
Пораз на штипскиот фудбалски клуб Брегалница на гостувањето во Битола во денешното 24 коло од ПМФЛ на Македонија. Екипата на Пелистер ја совлада екипата на Брегалница со резултат 2:0. Стрелци за домаќинот беа Љамчевски 23′ и Натрант 90′. Брегалница е на шестата позиција со 36 бода, исто како петто пласираниот тим на Ренова.
На останатите натпревари што се одиграа денес се постигнати следниве резултати:
Борец 0:1 Македонија ЃП
Скопје 0:2 Шкендија
Тиквеш Кавадарци 1:2 Академија Пандев
Ренова 2:1 Работнички