Стопирана изградбата на пат во ТИРЗ Штип, поради пронајдена експлозивна направа

По веста дека е пронајдена експлозивна направа во ТИР зоната во Штип, стопирана е изградбата на пат во оваа зона, каде моментално работат три странски компании, а дел од нив ги прошируваат и фабричките капацитети. Имено, на 16 март е пронајдена експлозивна направа, по што багеристот кој работел на ископ на патот одбил да ги извршува градежните работи, бидејќи старавувал за негоавата безбедност. Оваа информација е потврдена и од страна на директорката на Државен трудов инспекторат Весна Томовска. Од нивна страна двапати е излезено на терен. Од фирмата иведувач на 17 март е упатен повик до надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување, кои констатирале дека е пронајдено парче железо, а не експлозивна направа. Од Дирекцијата посочуваат дека на 16 март е пронајдена минофрлачка граната 82 милиметри, но е подиигната од теренот. Инаку, нема опасност за трите фабрички капацитети кои работат во зоната велат надлежните институции по направената обиколка на терен. Одлуката на Трудовиот инспекторат за забрана за вршење на градежни активности на парцелата во ТИР зоната во Штип, паднала вчера. Таму меѓудругото треба да се работи на изградба на пат.

Лаура Стојанова