
Општина Карбинци започна со пролетната градежна офанзива. Се тампонираат, пробиваат и асфалтираат патишта и улици. Денес градежни активности се одвиваа во село Долни Балван, каде периодов предвидено е да се асфалтира една од тамошните улици.
„Денес започнуваме со изградба на уште една нова улица во с. Долни Балван и со ова започнуваме со онаа пролетна офанзива којашто ја најавивме во изминатиот период, така што во периодот кој ќе следи ќе продолжиме со активности кои опфаќаат асфалтирање на улици. Се работи за улица од 100 метри којашто ја финансираме од буџетот на Општина Карбинци“, истакна градоначалникот Виктор Паунов.
Нови улици се предвидени во речиси сите населени места на територија на општината, како и во плачковичкиот регион, а активностите ќе се интензивираат во летниот период.
„Во периодов којшто следи ќе продолжиме со вакви активности во повеќе населени места во Општина Карбинци. Имено, се работи за две нови улици во с. Карбинци, нова улица во с. Радање и улица во с. Аргулица. Но во текот на летниот период ќе продолжиме со нови улици во с. Таринци, с. Козјак и во плачковичкиот регион во повеќе населени места“, додаде Паунов.
За улицата на која се работеше денес, во должина од 100 метри, издвоени се 500.000 денари од буџетот на Општина Карбинци.
Ребека Спасова М-Нет