
Одржана првата инцијална работилница за паметна специјализација на Источно плански регион. На истата присуствуваа претставници од општините, од невладиниот сектор, бизнис секторот и преставници од економската заедница. Целта беше запознавање со процесот за изработка на национална паметна стратегија.
„Целта на денешниот настан е да се запознаеме со процесот и текот на изработката на национална стратегија за паметна специјализација за нашата републикам и паралелно со тоа да ги дискутираме силните и здравите страни на нашиот регион кој може и има можност да започне процес на паметна специјализација. Идејата е сите да се запознеме добро со поимот и да ги приоритизираме областите каде што може да има одржлив развој“ – кажа Ангелова.
Во текот на наредните две години во план е изработка на регионална стратегија за паметна специјализација. Ќе се разгледуваат и стратегиите на соседните држави кои се покажаа како успешни во изработката, имплементацијата и реализацијата, додава Ангелова. Истовремено завршен е и првиот формум, на кој општините најголема фокусираност за проекти имаат во областа на животната средина и тузимот.
Општините во соработка со невладините сектори имаат раздвижување во однос на приоритетите, се работат издржливи документации за реализација на проектите, додаде Ангелова.
Лаура Стојанова М-Нет