
Мемеоријалнот споменик на Евреите во Штип денеска изгледаше онака како што би требало да изгледа 365 дена во годината. Причина за исчистениот споменик е настанот односно одбележувањето на 79 годишнината од протерувањето на Евреите од Штип и Македонија. А, само недела дена претходно истиот беше извалкан со измет од птици и отпадоци околу него. Поедноставно кажано ако денес е чист за недела дена ќе се врати во првобитната извалкана состојба и така ќе биде до овој ден наредната година. Барем за сега праксата го покажува ова. Првиот човек на град Штип, Иван Јорданов истакна дека нивна обврска е чистењето на меморијалните споменици во градот и дека ќе се потрудат истите да бидат чисти.
„Одржувањето на споемн обележјата во минатото и денес не е на задоволително ниво. Тоа што ги чествуваме значајните денови во нашиот град, полагаме цвеќиња не треба да биде пример само на одважување кон нашите сограѓани и кон значајните личности во нашиот град туку треба со дела да ги одржуваме спомен обележјата и тоа е наша обврска. Во наредниот период јас се надевам и сум убеден дека сите спомен обележја ќе бидат соодветно конзервирани и реставрирани за да изгледаат достоинствено онака како што прилега“ – кажа Јорданов.
Инаку, не само споменикот на евреите туку речиси сите спомен обележја во градот под Исарот се со некои недостатоци. За пример само спомен споменот на Исарот е ишаран, спомен бистата кај Здравстевениот дом е украдена, бистата на Боро Арсов е оштетена, бистата кај училиштето Ванчо Прке е без нос, а бистата на Ванчо Доганџиски е обезглавена и украдена.
Лаура Стојанова М-Нет