
Преку забава и дружење, рецитал на стихови посветени на мајката, денес првачињата од Основното училиште Ванчо Прќе во Штип го одбележаа денот на жената. Со искрени и топли честитки и симболични, но драгоцени подароци најмалите ја покажаа вредноста на жената, пред сѐ вредноста на мајката.
„Јас на мојата мајка за Осми март ѝ купив едно цвеќе.“
„Јас на мама за Осми март не ѝ купив паричен подарок, туку и нацртав цртеж. На учителката и купивме сите заеднички подарок.“
„Јас на мојата и набрав букет цвеќе од нашиот двор“
Првооделенците со песна го завршија денешниот час посветен на највредната жена во животот, односно денот на жената, денот на мајката. Нивната наставничка презадоволна од начинот на соработка со најмалите.
Лаура Стојанова М-Нет