Со рекреативна прошетка пензионерките од Штип го одбележаа денот на жената

Преку пешачње по патеката во населба Осми ноември во Штип, пенизонерите од Здружението на пензионери на денешниот ден на жената покажаа дека доаѓа пролетта. Сите жени членки имаат можност да учествуваат во настанот, да се забавуваат и да го одбележат Меѓунардониот ден на жената.

„По повод празникот Осми март за нашите членки пензионерки во здружението на пензионери Штип орагнизиравме една рекреативна прошетка по познатата пешачка патека во Штип, а воедно на сите нив ќе им дадеме поклон во вид на цвеќе, торбички и слично“ – кажа претседателот.

Пензионерките оваа рекреативна прошетка ја опишуваат како начин да се излезе од дома, да се прошета и да се најави доаѓањето на пролетта. Истовремено заеднички да го прослават денот на жената.

На настанот логистичка поддршка имаше од Црвениот крст Штип, а исто така на сите жени им се мереше и притисок. Истовремено, пред детската градинка Вера Циривири Трена со положување свежо свеќе, рецитал и програма од најамлите се даде значење на денешениот ден.

Лаура Стојанова М-Нет