Редица возила чекаат на бензинските пумпи да наточат гориво по стари „ниски“ цени (видео)

Горивата во државата од полноќ со драстично покачување на цената. Дизелот ќе се продава за 10 денари повеќе споредбено со досегашните, а бензините со покачување на цената за 5,5денари. Овој податок доведе повторно до ситуација бензинските пумпи да бидат полни, редица возила чекаат и по еден час за да ги наполнат своите резервоари и во Штип и во Кочани. Но, на бензинските на Макпетрол дизел нема веќе втори ден.

Од компанијата истакнаа дека резервите на гориво ќе бидат нормализирани за неколку денови, а недостатокот се должи на недела неработен ден и државниот празник во понеделникот во Грција. На исостанатите бензински пумпи се точи и дизел и бензин. Инаку од полноќ дизлот ќе се продава по цена од 85,5 денари, Еуросупер БС – 95 за 89,50 денари, Еуросупер БС – 98 за 91,50 денари по литар.

M Нет