Горивата во државата од полноќ со драстично покачување на цената. Дизелот ќе се продава за 10 денари повеќе споредбено со досегашните, а бензините со покачување на цената за 5,5денари. Овој податок доведе повторно до ситуација бензинските пумпи да бидат полни, редица возила чекаат и по еден час за да ги наполнат своите резервоари и во Штип и во Кочани. Но, на бензинските на Макпетрол дизел нема веќе втори ден.

Од компанијата истакнаа дека резервите на гориво ќе бидат нормализирани за неколку денови, а недостатокот се должи на недела неработен ден и државниот празник во понеделникот во Грција. На исостанатите бензински пумпи се точи и дизел и бензин. Инаку од полноќ дизлот ќе се продава по цена од 85,5 денари, Еуросупер БС – 95 за 89,50 денари, Еуросупер БС – 98 за 91,50 денари по литар.
M Нет