
Општина Штип ќе ја ажурира базата на податоци за данок на имот. Оние договори на кои стојат старите даночни обврзници, а веќе за тој имот има нов даночен обврзник потребно е да бидат ажурирани. Согласно со тоа акредитирани тимови од Општината веќе на терен ги прибираат потребните податоци.
„Општина Штип сака да ги информира граѓаните дека согласно со законските измени од претходната година во Законот за даноците на имот секои четири години треба да врши ревизија на базата на даночни обврзници. Поради тоа од пред неколку недели имаме пратено тимови од Општината кај граѓаните, на терен. Тие одат кај граѓаните кои претходно имале решение за наследство и договори за подарок за да ја ажурираат базата на податоци односно да ги сменат обврзниците. Тимовите се со обележје од Општината, со беџови и во себе носат овластување за граѓаните да препознаат дека тоа се лица од Општината“, информираше Драган Каров од одделенито е за администрирање на приходи.
Податоците се ажурираат со цел данокот на имот да го плаќа новиот даночен обврзник, кој претходно како таков не бил регистриран од страна на Општината.
Ребека Спасова М-Нет