
Со изработка на честитки со порака, цвеќе и симболични подароци се одбележува Осми март во Основното општинско училиште „Малина Поп Иванова“ во Кочани. Како што истакна една од вработените наставнички, учениците изработуваат скромни подароци кои на самиот ден на жената се подаруваат на вработените од понежниот пол, на случајни минувачки на улицата пред училиштето, во градскиот парки и во центарот во Кочани. Целта единствена да се одбележи денот на жената.
„Нашата училишна заедница и клубот на Црвен крст при нашето училиште прават подароци, претежно на цвеќиња, честитки, цвеќиња со порака за сите случајни минувачки кои ќе поминат на нашата улица, во паркот или во центарот на градот. Тоа се случува на самиот ден на Осми март. Во самото училиште членовите на училишната заедница правата честитки изработени од самите деца и ги даваат на женскиот дел од вработените“
Во приватниот живот оваа наставничка додава дека учениците симболично и подаруваат цвеќе за одбележување на овој ден, но истото го прави и таа како возврат. И останатите дами кои ги сретнавме во центарот на Кочани, велат дека Осми март се одбележува на скромен начин.
Истовремено, по повод утршниот ден на жената во кочанската библиотека Искра со презентација на литературни творби на членовите на ЛК „Копнеж“ ќе се одбележи Осми март.
Лаура Стојанова М-Нет