Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите за влез во моловите

Укинување на сертификатите за влез во моловите препорача Комисијата за заразни болести. На денешната редовна седница, Комисијата дискутираше за епидемиолошката состојба и можноста за укинување на некои мерки. Според претседателот Петличковски, ослободувањето на мерките треба да зависи од комбинирани индикатори, односно од процентот на вакцинирани, прележани, исполнетите капацитети, бројот на позитивни и трендот во изминатите недели.

Во насока на помасовна вакцинација, која во моментов опфаќа 41% од целокупното население, ќе се почне и со нова кампања, во која ќе бидат опфатени и матичните лекари. За успешност на истата, како што вели д-р Мехмедовиќ, потребно е соработка помеѓу јавниот и приватниот дел од здравството.

Сертификатите ќе останат на сила за влез во угостителските објекти, а за задолжителното носење маски во училиштата Комисијата не дискутираше.

Ребека Спасова М-Нет