Киксови на водечките екипи во ВМФЛ Исток, Осогово победи во Штип

Второто пролетно коло во Втората фудбалска лига исток донесе доста возбудувања и неколку изненадувања. Првите две пласирани екипи успеаа да освојат само по бод на жешките терени во Гевгелија, каде Слога1934 ремизира со КОЖУФ, а водечкиот тим на ПОБЕДА освои само бод во Радовиш со екипата на ДЕТОНИТ. Најпријатното изненадување го приреди тимот на БРАТСТВО кој успеа да го победи тимот на ФК КАМЕНИЦА САСА во М. КАМЕНИЦА со 1:0. Очекувано тимот на БЕЛАСИЦА високо го порази тимот на ЛОКОМОТИВА со 6:0. Мало изненадување приреди ОСОГОВО кој после киксот со БЕЛАСИЦА, ова коло успеа да издвојува победа од 0:1 на гостувањето во ШТИП, против екипата на ПЕХЧЕВО.