
Потпишан договорот меѓу штипски Исар и ХС Злетовица. Со ова се очекува најдоцна до почетокот на наредниот месе оваа вода да биде пуштена во комерцијална употреба, а засега истата се пушта во филтер станицата во Штип, но сѐ уште е на тест период.
„Цената е регулирана според Регулаторна комисија и со одлука на Влада и секоја година е различна. За оваа година 2022 цената за водата е 4,69 денари за метар кубен вода. Инаку, годишните проечни потрошувачки на вода на јавното претпријатие по нашите анализи се движи околу 180 литри во секунда, просечно во година“ – кажа Илиевски.
Со приклучувањето на ХС Злетовица трошоците на ЈП Исар очигледно ќе се намалт, дециден е Здравков, но за колку точно ќе се знае откако ќе помине најмалку еден месец, ќе се види количината на испорчана вода и ќе се направат доволно анализи.
„Со потпишување на овој договор ЈП Исар ќе се снабдува со вода директно од ХС Злетовица, што значи помали трошоци и подобро водоснабдување. Ќе го користиме и бунарскиот систе, ќе биде во функција за кога ќе треба и тој да биде активиран. Ние сме еден од ретките градови кои ќе имаме два начини на водоснабдување“ – додаде Здравков.
Тест периодот и анализите покажаа дека сѐ е беспрекорно, додаде Здравков со што проектот е заокружен, а целата инвестиција е вредна пет милиони евра. Со ова се очекува и повисоките населени места во градот под Исарот константно да бидат снабдувани со вода за пиење, а истовремено да не се соочуваат со намален притисок.
Лаура Стојанова М-Нет