
Штипјани новата година ја дочекаа со повисоки сметки за вода. Имено, граѓани од Штип со реакција до нашата редакција – сметката за потрошена вода ставка 11 повисока споредбено со претходниот месец. Најава за покачување на цената на водата немаше, велат тие, а сепак истата пристигнала со повисока сметка. Зошто е покачена сметката за вода го прашавме првиот човек на ЈП „Исар“, Трајче Здравков. Тој истакна дека цената на водата ја одредува Регулаторна комисија и дека претпријатието нема ингеренции овде.
„Сметките за вода, односно цената на испорачаната вода не ја одредува ЈП „Исар“, односно Регулаторната комисија, така што тие прават проекција, елаборат за наредни три години. Изминатата година беше 33 денари, сега е 35 денари, што е по проекција на Регулаторната комисија и јавното претпријатие нема надлежност во тој домен. Инспектори од Регулаторната комисија ги согледуваат трошоците од тој домен и проектираат како цената да се движи. Тоа значи дека за наредната година повторно треба да се направи анализа и да се формира цена“, рече Здравков.
Цената на водата има можности да биде зголемена наредната година со оглед на фактот дека сметката за струја на ЈП „Исар“ е енормно зголемена, а дополнително претпријатието има долгови. Но како што додаде Здравков, за тоа ќе одлучи Регулаторната комсија.
Лаура Стојанова М-Нет