Едно лице почина, две се повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип – Радовиш

Тешка сообраќајна незгода на експресниот пат Штип – Радовиш, на дваесеттиот километар. Според првични информации во сообраќајната незгода има една жртва и две повредени лица кои се префрлени во Клиничка болница Штип. Информацијата ја потврди и портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која истакна дека несреќата во полициската станица е пријавена во 14.39 часот. Според информации од терен до судир дошло меѓу две возила, патничко моторно возило со радовишки регистраски ознаки и скопско товарно возило, кои се движеле во спротивен правец. Експресниот пат Штип – Радовиш во моментов е затворен за сообраќај, а возилата се движат по стариот регионален пат. Увид на местото на настаот врши Јавен обвинител. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот денот.