
Улицата пред Дом на култура „Ацо Шопов“ во Штип узурпирана со возила, автобуската постројка исто така. Поедноставно кажано кој каде нашол слободно место таму го оставил своето возило, притоа не водејќи грижа дали е обележан паринг простор или не. Возила едно до друго, улицата блокирана. Од овде се поставува прашањето: „Доколку има потреба овде да влезе возилото на Брзата помош, пожарното воило или слично како ќе се изведе истото?“.
Од ЈП „Стипион“ велат надлежноста е на полицијата.
„На улицата „Тошо Арсов“ или конкретно пред дом на култура и стариот ректорат во Штип, паркинг просторот не се наплаќа, не е обележан и не е во надлежност на ЈП „Стипион“. Овде надлежност за санкционирање и воведување на ред имаат од полицијата“ – вели директорот Игор Ефтимов.
Побаравме одговор и од СВР Штип. Од тамо во телефонски разговор за М-Нет телевизија велат дека полициски службеници постојано се на терен и се казнува за непрописно паркирање.
По нашата реакција и овој пат од полицијата излегоа на терен, со цел воведување на ред при паркирањето и узурпирањето на улиците.
Во Штип секојдневно се докажува дека паркинг услугата претставува вистински проблем. Има паркинг места кои се обележани и на кои се наплаќа, но исто толку има и и тротари, коловози и необележани места кој се користат како паркинг иако не се за таа намена.
Лаура Стојанова М-Нет