
На 08.02.2022 во 11.20 часот на ул.„Козјак Планина“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип, при контрола на патничко моторно возило „рено“ со приколка, управувано од Б.Г.(64) од Штип, пронашле огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на „Национални шуми“ – Штип за понатамошна постапка.