Протест на оризарите од кочанско, нивните барања се уште ставени на „стенд бај“

Нов протест на оризопроизводителите од кочанско. Утринава беше блокиран патниот правец Кочани – Штип, кај село Облешево. На ваков начин тие си ги бараат правата, бидејќи како што велат произведуваат храна, а трпат за истата. Со мака и труд произведуваат, а се откупава како што велат оризарите за бадијала. Ситуацијата поред нив е за плачење.

„Во оваа прекрасна Македонија овој прекрасен народ произведува производство, а неспособните наши министри да не можат да го продадат овоа производство. Ова е удар, удар во оваа криза. Народот во другите држави умира за храна, ние произведуваме храна, а не може да ја продадеме“

„Бараме да бидат опфатени сите оризопроизводите кои произведуват оризова арпа. Мерката да биде продолжена и да трае до 1 септември 2022 година, секој земјоделец да може да си ја добие мерката од 3 денари, субвенциите да бидат исплатени до февруари, зелената нафта да биде зголемена“

Поддршка оризопризводителите во денешниот протест имаа и од лозарите и од тутнарите. Мора да се подигне свеста кај надлежните и земјоделството да се крене на ниво на кое и треба да биде.

„До петок бараме министерот под итно да ги пуште субвенциите за 2021, има регистриран млад земојделец кој треба да земе 20% плус од редовните субвенции“

Оризопризводителите бараат цената на оризовата арпа да биде над 40 денари, бидејќи како што велат тие тоа е реалната цена. Истовремено, повикуваат од Владата и министерството да излезат на терен да ги слушнат нивните проблеми и да излезат во пресрет на нивните барања.

Лаура Стојанова М-Нет