Препукувањата на позицијата и опозицијата продолжуваат, каде се вработени советниците во Штип

Фамилијарни кланови од СДСМ масовно се вработени во државните институции, констатираа денеска на прес од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Според нив советниците од СДСМ вчера демонстрираа невидена дрскост, а поголем дел од нив и нивните семејства се вработени во државни институции.

„Советниците од СДСМ вчера демонстрираа дрскост и селективен пристап во однесувањето. Имено, советникот кој се обрати на прес конференцијата во одбрана на довчерашниот командир, всушност има тендер во градинката каде директорва жената на командирот. Истиот советник не само што зема паушали од општината туку е на платен список во МЕПСО. Најгласната советничка во СДСМ веќе извесно време е вработена во централен регистер, а под државна капа е и нејзиниот сопруг“ – кажаа од ВМРО ДПМНЕ.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип прашуваат како не им е срам да обвинуваат со невистини, кога граѓаните и ченството и граѓаните гледаат што се случува во нивната партија?

Од ОО на СДСМ Штип пак во писмено соопштение велат дека За партиски и фамилијарни полнење на државните институциите одличен пример за анализирање е токму првиот човек на општината и координатор на ДПМНЕ во Штип, Јорданов.

„За време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ, Јорданов и дел од неговиот кабинет успеаа да се “вдомат” во удобните фотелји во управата за јавни приходи, општината, јавните претпријатија, училишта и градинки.

Имено на најголемиот дел од нив ова им е прво вработување, што зборува за фактот дека работните позиции ги добиле единствено поради партиските заслуги или фамилијарни врски со челниците на ДПМНЕ! Оние кои тогаш не успеаа да се”вдомат”,сега ги полнат институциите на локално ниво.Не постои советник од редовите на ДПМНЕ кој не е под државни јасли, а нивните роднини и пријатели се дел од управните и надзорните одбори кои добија задача да донесуваат незаконски решенија со една цел-спроведување на партиски реваншизам кон неистомислениците.“ – додадо од СДСМ.

За сто дена власт, сто партиски вработувања и унапредувања. Тоа се единствените проекти реализирани од новата локална власт предводена од ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Лаура Стојанова М-Нет