
Дарко Коцев со овластување командир на ТППЕ Штип. Имено, по одлуката за распределба на работната позиција на командирот Тони Атанасов, Коцев доаѓа на функција командир. Меѓутоа, ова е само приверменено вели првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов додека да се избере официјално нов командир на оваа институција.
„ Во овој момент овластивме лице внатрешно вработено, пожарникар кој што досега работи во оваа единица, кој со овлатување практично ќе ја врши оваа должност. Станува збор за лицето Драко Коцев кој е долгогодишен пожарникар во ТППЕ Штип. Во постапка сме на распишување на оглас за избор на командир на ТППЕ Штип“ – кажа Јорданов.
Лошото работење во противпожарната единциа се провелекува со години, дециден е Јорданов, додавајќи дека од сега работите треба да бидат прменети на подобро. Коцев е предложен од страна на градоначалникот во комуникација и со другите вработени пожарникари.
Новиот командир со овластување задачата ќе ја извршува се до моментот додека не се избере официјално нов командир. Тоа ќе биде согласно критериумите во Законот за пожарникарство, кои Атанасов не ги поседувал според Јорданов. Инаку Коцев за сега останува со исти примања во ТППЕ Штип како и претходно, само со овластување на комадир.
Лаура Стојанова М-Нет