НСПМ или Јорданов – кој ја иницирал комисијата за утврдување на состојбата во ТППЕ Штип?

По вчрашната вест за промената на работното место на командирот на ТППЕ Штип во курир во Општина Штип, преку писмено соопштение до нашата редакција се огласија и од Независниот синдикат на пожарникари. Имено, вчера од кабинетот на градоначалникот на Штип, Иван Јорданов посочија дека ТППЕ Штип е водена на незаконски начин и со незаконско решение, при што општината форимираше комсија за да се утврди состојбата и да се исправи долгогодишната направда. Од таму истакнаа дека ова е посочено од Независниот синдикат на пожарникари.

На ова од Синдикатот велат дека по нашиот прилог во кој е наведено дека прераспоредувањето е направено по иницијатива на синдикатот, не соодвестува со фактите во случајот.

„Имено, од она што е како сознание на нашиот Синдикат, од страна на Градоначалникот на Општина Штип е формирана интерна комисија во Општината со цел утврдување на состојбите во врска со назначувањето на Командирот на територијалната противпожарна единица и законитоста на истото во минатото. Во составот на Комисијата покрај правници вработени во општината, претставник имаше и нашиот Синдикат. При работењето во горенаведената комисија, претставникот на Синдикатот имаше за цел да ги штити интересите на вработените во институцијата, меѓу кои и лицето кое ги извршуваше работните задачи на Командир на ТППЕ и постапуваше во насока на заштита на правата на работникот.“ – напишаа од синдикатот.

Истовремено додадоа дека при направениот увид во документацијата се констатирало дека претходните распоредувања на лицето на работното место Командир на ТППЕ не биле целосно направени во согласност со законските прописи кои важеле во моментот на распоредувањата и со тоа на Синдикатот единствено му преостанало да побара законито постапување од страна на надлежните, притоа незаборавајќи го аспектот на заштита на работничките права.

Лаура Стојанова М-Нет