
Изградба на дивоградба во Општина Штип проблем за граѓаните. Реагираат до надлежните, но како што истакнаа тие инспекторите не ги примале нивните пријави. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за ваквите случаи вели дека е запознаен и дека откако дошол на позоција градоначалник почнал да работи, бидејќи во Штип има многу бесправно изградени објекти. Јорданов бара трпение од граѓаните, категорично додавајќи дека Законите мора да важат за сите.
„Морам да бидам искрен, нашиот град е нападнат од дивоградби. Јас како градоначалник затекнав на повеќе локации на територија на Општина Штип бесправно изградени објекти, еве во период кој помина, но и во иднина се трудиме со инспекторите кои се под Општина Штип да напарвиме увид, да констатираме состојба и да проследиме постапка да можат истите да бидат или отстранети или срушени“ – кажа Јорданов.
Конкретно за случајот кај печурките во Штип за кој алармираат граѓаните дека во тек е изградбата на бесправен објект, Јорданов истакна дека дополнително ќе се информира и ќе ја извести јавноста.
„Во врска со овој случај, со оваа пријава дополнително ќе се информирам. Верувајте дека има многу бесправно изградени објекти по кои се постапува и еве на следна прилика јас се надевам дека и по однос на овој предмет ќе биде соодветно постапено“ – додаде Јорданов.
Бесправно изградени објекти во Штип има на повеќе локации, дополнително се градат нови. И претходно во една прилика Јорданов истакна дека селекција нема да има и дека за сите бесправо изградени објекти ќе се постапува подеднакво почитувајќи ги Законските прописи.
Лаура Стојанова М-Нет