
31 годишниот Антонио Станков и 18 годишниот Дарио Димитров се двајцата среќници кои годинава го фатија светиот крст во водите на Брегалница, во штипско Ново село, односно во Осми Ноември. За Антонио ова е трет пат како го фаќа крстот, за помладиот Дариот прва среќа. И двајцата поскаа здравје, среќа и берикетна година.
„Бог се јави на сите, нека е за многу години празникот, поскаувам здравје, среќа на сите, се најубаво. Скокам повеќе пати по крстот ова е трет пат како го фаќам“ – вели Антонио.
„ Прв пат се фрлам по крстот и прв пат го фаќам. Имам 18 години и очекувам среќна и бериќетна година“ – кажа Дарио.
Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов и додели вредносни ваучерни на среќниците кои го фатија крстот, и поска бериќетна и успешна година. Да се спасиме од пеколната болест беше желбата од свештениците.
„Бог се јави, за многу години! Навистина ми е драго што оваа година продолжува традиционалниот начин на празнување на Богојавление – Водици со фрлање на чесниот крст во водите на река Брегалница. Оваа прилика ја користам да и честитам на сите кои влегоа во водите на Брегалница и на сите жители на Општина Штип, многу здравје, среќа, бериќет оваа година“ – кажа Јорданов.
„Поскауваме оваа година оваа пеколна болест да избега од нас, да ни даде Господ сила, успех, напредок во државата. Нека е за многу години празникот“ – додаде Јанев.
Голем број верници утринава присуствуваа на настанот по повод големиот празник Богојавление Водици. И во штиспко Ново село и во Осми Ноември на традиционален начин годинава се положи светиот крст во водите на Брегалница. Над 60 верници скокнаа по светиот крст и на двете места. Ова е втора година по ред како овој празник се празнува во време на пандемија, но за разлика од минатата година, оваа година традицијата продолжи.
Лаура Стојанова М-Нет